Достапни линкови

Нови протести во Египет


Подржувачите на отстранетиот египетски претседател Мухамед Морси маршираат низ Каиро во знак на незадоволство од владините најави за растурање на нивните кампови низ плоштадите на главниот град. Демонстрациите следат по за сега неостварените најави на полицијата за растурање на шаторите на демонстрантите. За сега нема информации од полицијата зошто се одлага најавената акција. Повеќе од 250 лица загинаа во бројните судири меѓу полицијата и демонстрантите по отстранувањето на исламистичкиот претседател Морси од власт на 3 јули.
XS
SM
MD
LG