Достапни линкови

logo-print

Младите од Македонија мигрираат повеќе од своите врсници од светот


Ако на светско ниво, младите се застапени со 10 проценти во мигрирањето, во Македонија во 2012 година, 16 проценти од граѓаните коишто мигрирале во странство, постојано или привремено, се млади. Причината за миграцијата е различна, но генерално е водена од економски причини, вели претседателката на Националниот младински совет Ивана Давидовска.

Младите од Македонија мигрираат за 60 отсто повеќе од светскиот просек. Во последната деценија, од Македонија се иселило 12 отсто од населението, од нив голем дел млади. Еден од клучните предизвици е да им се овозможи на тие што сакаат да се вратат во земјава, да се реинтегрираат и да го применат наученото во странство.
Ако на светско ниво, младите се застапени со 10 проценти во мигрирањето, во Македонија во 2012 година, 16 проценти од граѓаните коишто мигрирале во странство, постојано или привремено, се млади. Причината за миграцијата е различна, но генерално е водена од економски причини.

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на младите. Прославата е во знакот на младинската миграција. Во светот, на годишно ниво од 214 милиони мигранти, младите се 10 проценти.

Претседателката на Националниот младински совет Ивана Давидовска, на прес-конференцијата по повод Денот на младите, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, рече дека речиси една четвртина од населението во Македонија се млади, кои се соочуваат со големи предизвици како младинската невработеност и мигрирањето.

„Ако на светско ниво, младите се застапени со 10 проценти во мигрирањето, во Македонија во 2012 година, 16 проценти од граѓаните коишто мигрирале во странство, постојано или привремено, се млади. Причината за миграцијата е различна, но генерално е водена од економски причини“, вели Давидовска.
Тие секако во Република Македонија ќе донесат знаење, развој, ќе донесат со нивното знаење можеби и инвестиции во иднина и тоа е доброто. Тоа се тие главни принципи на слободно движење во рамките на ЕУ.

Давидовска вели дека без разлика кои се причините за мигрирањето, многу е важно на младите кои се вратиле во Македонија да им се даде шанса да се реинтегрираат и да ги употребат вештините што ги научиле во странство.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими посочи дека тие земји што имаат младина, имаат и иднина. Со сигурност можам да кажам дека младите од Македонија се идните граѓани на ЕУ, рече Бесими и наведе дека од 1998 до 2012 година, околу 230 илјади граѓани, односно околу 12 отсто од населението, се иселиле од земјава.

„Тие секако во Република Македонија ќе донесат знаење, развој, ќе донесат со нивното знаење можеби и инвестиции во иднина и тоа е доброто. Тоа се тие главни принципи на слободно движење во рамките на ЕУ, слободно движење на капитал, на знаење, услуги, технологија и човечки ресурси. Дел од нив се отидени од социјално-економски причини, за работа, дел од нив се отидени за образовни цели, меѓутоа ова треба да го согледаме како потенцијал за развој“, вели Бесими.

Претставничката на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Петра Андерсон, рече дека младите во Европа се соочуваат со тешкотии поради економската криза. За нив е тешко да влезат на пазарот на труд, невработеноста на младите е на рекордно ниво во многу земји од ЕУ, а социјалните тензии и ксенофобијата се во пораст. Многумина од младите погодени од кризата изгубија верба во европскиот проект, рече Андресон, но нагласи дека на младите не би им било подобро без ЕУ.

„Верувајте ми, соработката и европските вредности ќе ви понудат поголем просперитет и иднина отколку никаквите перспективи и етно-центричниот националзам што ги предизвика војните и кршењето на човековите права во минатото“, рече Андерсон.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG