Достапни линкови

Никнува нова туристичка атракција во Куманово


Фотографија на македонскиот фотограф Љупчо Илиевски на тема Кокино.
Фотографија на македонскиот фотограф Љупчо Илиевски на тема Кокино.

Покрај Мегалитска опсерваторија Кокино, Меморијалниот центар АСНОМ и уште неколку други туристички атракции, гостите при посета на Куманово, наскоро ќе имаат можност да го посетат и локалитетот Визијанус.

По завршувањето на археолошките истражувања во селото Пелинце и месноста Визијана кумановскиот регион се збогатува со уште една туристичка атракција не само за домашните, туку и за странските посетители. Овој локалитет, како и веќе надалеку познатата Мегалитска опсерваторија Кокино, Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце, Костоперска карпа, Црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричино, испосницата на Прохор Пчињски, постојано укажуваат на големиот туристички потенцијал кој се чини не доволно е искористен од локалните самоуправи и од државата.
Потоа на локалитетот Визијанус кој ќе биде интересен бидејќи се наоѓа помеѓу нашите две излетнички места Етно село и Визиана. Мислам дека тука ќе имаме повеќе туристи, бидејќи ќе го отвориме локалитетот и ако ни овозможат условите ќе биде откриен. Најпрвин се открива црквата.
Анита Цветановска, директорка на кумановскиот Музеј.

Анита Цветановска директорка на кумановскиот Музеј вели дека екипите од оваа установа континуирано работат на промовирање на националните, историските, археолошките и духовните вредности. Таа додава:

„Завршија археолошките истражувања на локалитетот Татиќев камен во селото Кокино, сега се работи на конзервација на предметите најдени таму.“

РСЕ: Што е специфично за овој локалитет?
Анита Цветановска, директорка на кумановскиот Музеј.
Анита Цветановска, директорка на кумановскиот Музеј.

„Специфична е керамиката која излегува на површина. Довршен е оградниот ѕид. Туристи има, континуирано, нашиот кустос секогаш им е на располагање кога ќе се најават. Преку лето најповеќе има странски туристи. Покрај Кокино секогаш се посетува и Меморијалниот центар АСНОМ.“

Цветановска вели дека во тек се подготовки за археолошки истражувања во селото Пелинце:

„Потоа на локалитетот Визијанус кој ќе биде интересен бидејќи се наоѓа помеѓу нашите две излетнички места Етно село и Визиана. Мислам дека тука ќе имаме повеќе туристи, бидејќи ќе го отвориме локалитетот и ако ни овозможат условите ќе биде откриен. Најпрвин се открива црквата.“

Според Цветановска Музејот подготвува и етнолошка изложба, а во тек се и активностите за започнување на една од најстарите ликовни колонии во државава. Имено, тоа е традиционалната 37-ма меѓународна Ликовна колонија „Куманово“, чии почетоци датираат уште од 1974-та година. На оваа колонија поминале многу домашни и странски академски сликари и вајари, а нивните дела се во депото на Музејот, како и во комплексот Пелинце. Според Цветановска инспиративниот амбиент покрај реката Пчиња, високото ниво на организацијата и гостопримството најчесто ги привлекува странските уметници, како што се Румен Жеков и Иван Тотев од Пловдив, една брачна двојка од Аргентина, многу уметници од Србија, Црна Гора, Италија, Шведска,Турција,...

„Оваа година имаме 16 уметници. Ќе биде и Нове Франговски, Васко Ташковски, како и млади академски сликари од Куманово Наташа Петковска и Дејан Божиновски“.

Како што вели Цветановска туристите на овие интересни локалитети во секое време имаат што да видат и да им остане во сеќавање. А делата што уметниците ќе ги остават уште повеќе го збогатуваат амбиентот во Пелинце, зашто таму меѓу другите се поместени и скулптурите „Девојка со роза“, Исидора Данкан и Сергеј Есенин.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG