Достапни линкови

logo-print

Неправилности во Центар за Скопје 2014


Општина Центар немала надлежност за изведување на објекти од проектот Скопје 2014, а градоначалникот не постапил согласно неговата надлежност за контрола на прописите кои ги носи Советот. Со тоа сериозно е нарушено функционирањето на правната држава, како на локално, така и на централно ниво. Насочувањето на пари за објектите од проектот од централниот на буџетот на општината немаат законска оправданост. Реализацијата на проектот се одвивала на начин на кој се создава простор за нерегуларности и злоупотреба на буџетските средства. Во многу фази, реализацијата на проектите била оставена без јасно видлива и ефективна контрола. Ова се заклучоците од првиот извештај на Комисијата која врши ревизијата на проектот Скопје 2014 година, кој го подготвија поранешните антикорупционери Слаѓана Тасева и Драган Малиновски.

XS
SM
MD
LG