Достапни линкови

Скопје 2014: Карев е 10 пати поскап, спорни се и мостовите


Општина центар немала надлежности за изградба на мостови но и покрај тоа општината фигурира во документацијата како инвеститор на два моста, се заклучува во ревизијата на дел од проектот Скопје 2014 која ја побара новиот градоначалник Андреј Жерновски. „Споменикот на Никола Карев според документацијата и договорот е изведен во бронза. Основниот договор бил дека вреди 5 милиони денари, но подоцна со одлука на градот е донесено ново решение за измена и дополнување на претходното по кое вредноста се зголемува на 45 милиони денари“ се наведува во ревизорскиот извештај кој го подготвија Слаѓана Тасева и Драган Малиновски. Се наведува дека биле побарани 10 пати повеќе пари од предвидените со образложение дека споменикот на Карев ќе се лие во мермер, но обележјето е изработено во бронза.
Градоначалникот Андреј Жерновски најави дека извештајот од ревизијата на мега-проектот на територијата на општина Центар ќе биде доставен до јавното обвинителство.
XS
SM
MD
LG