Достапни линкови

logo-print

Хрватските земјоделци се закануваат со поинтензивни протести


Хрватските земјоделци, кои веќе петти ден протестираат блокирајќи патишта во централна Хрватска, очекуваат средби со претставници на Министерството за земјоделство и се подготвени да ја блокираат границата доколку не биде постигнат договор. Земјоделците бараат исплаќање на уште 37 проценти од парите предвидени за секторот, зголемување на откупната цена на пченицата и средба со премиерот Зоран Милановиќ. Во регионот на Вировитица денеска се блокирани пет нови места, а патиштата во четири источни окрузи се делумно или целосно блокирани.
XS
SM
MD
LG