Достапни линкови

Сноуден добил понуда за работа во Русија


Поранершниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден доби понуда за работа од најголемата руска социјална мрежа. Портпаролот на „Виконтакте“ Георги Лобушкин преку мрежата соопшти дека поранешниот агент на ЦИА бил поканет да работи на безбедноста на комуникациите на рускиот интернет сајт. Инаку, Сноуден доби привремен азил во Русија откако неколку месеци беше заглавен во транзит зоната на московскиот аеродром поради поништен пасош. Соединетите американски држави го обвинуваат хакерот за шпионажа и откривање на доверливи информации за американските надзорни програми.
XS
SM
MD
LG