Достапни линкови

Јавен линч на социјалните мрежи


Во јавниот говор на обичните луѓе, неоправдано е да се бара и да се очекува повеќе од она што водечките гласови во општеството го прават, а тоа се политичарите и политичките елити, вели комуникологот Климе Бабунски.

Културата на јавниот говор е сериозно загрозена кога станува збор за социјалните мрежи, вели комуникологот Климе Бабунски, а тоа е одраз на културата на говор што го промовираат останатите медиуми. Ако тие не ја почитуваат демократијата, тогаш тоа ќе се пренесе и на социјалните мрежи, но тоа таму се преточува и во агресивен говор, говор на одмазда и улична демократија која му пресудува на поединецот што е неприфатливо од секој моќен аспекти и од комуниколошки и од правен.
Во јавниот говор на обичните луѓе, неоправдано е да се бара и да се очекува повеќе од она што водечките гласови во општеството го прават, а тоа се политичарите и политичките елити.

Ова е директна последица на отсуството на професионализам во класичните медиуми и нивните портали како и нивната инструментализација, а на тоа кога ќе се додадат и коментарите на читателите се навредливи и агресивни, а политичките елити така комуницираат меѓу себе, тогаш комуникацијата која пошироко се развива не е воопшто чудна.

„Во јавниот говор на обичните луѓе, неоправдано е да се бара и да се очекува повеќе од она што водечките гласови во општеството го прават, а тоа се политичарите и политичките елити“, изјави комуникологот Климе Бабунски.
Има добра легислатива, за жал, таа честопати кај нас не се применува. Имаме јавни чинители и јавни говорници кои на социјалните мрежи имаат влијателни профили, коишто можат да се третираат од тој аспект, но за жал државата кај нас во ниту еден случај, ниту Обвинителството, ниту другите надлежни органи, не покренале некоја постапка и не пројавиле некаков интерес да ги третираат овие работи.

Поради отсуствотот на уредник или некаков чувар на вредностите во јавното комуницирање почнуваат да владеат стандардите на толпата и често пати се повикува на јавен линч што во крајна линија е одраз на општествената свест.
Секогаш е подобро да не се регулира интернетот, но таа слобода на говор може да биде и офанзивна и да предизвика омраза и повици на злостроства и тоа мора да се ограничи, вели Петрит Сарачини од МИМ. Постои ограничување и со членот 10 на Европската Конвенција за човекови права, но и со домашните закони, вели Сарачини.

„Има добра легислатива, за жал, таа честопати кај нас не се применува. Имаме јавни чинители и јавни говорници кои на социјалните мрежи имаат влијателни профили, коишто можат да се третираат од тој аспект, но за жал државата кај нас во ниту еден случај, ниту Обвинителството, ниту другите надлежни органи, не покренале некоја постапка и не пројавиле некаков интерес да ги третираат овие работи.“

Просторот на социјалните мрежи мора да се култивира, а патот до таму води пред се преку стандардните медиуми, додава Бабунски.

„Можеме да донесеме најпрекрасен закон, како и сите други закони во Македонија, но тој повеќе нема да се спроведува отколку што се спроведува и што со тоа? Мора да се гради општествената свест и писменост. Голема задача имаат тука стандардните медиуми со своите портали“, посочува Бабунски.
XS
SM
MD
LG