Достапни линкови

Скопје 2014 - проект за поделби и инаети


Скопје од птичја перспектива. Плоштадот „Македонија“ и споменикот Воин на коњ.
Скопје од птичја перспектива. Плоштадот „Македонија“ и споменикот Воин на коњ.

Во пресрет на она што откриле од Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“, аналитичарите велат дека овој проект е еден од најконтроверзните и проект кој придонел за поделба на народот.

Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“ на територијата на општина Центар денеска ќе ги обелодени досегашните сознанија за проектот. Комисијата ја сочинуваат поранешните претседатели на Државната комисија за спречување на корупцијата, Драган Малиновски и Слаѓана Тасева. Градоначалникот на општината Андреј Жерновски повтори дека и покрај тоа што не го подржува мега-проектот на власта, нема намера да руши. Владата претходно соопшти дека не се плаши од ревизијата и дека проектот чини 207 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ има официјална идеологија дека се бори за македонско национално единство, но таа барем прокламирана цел на Скопје 2014-та не е остварена, бидејќи Скопје 2014 значително придонесе за делење на народот.
Здравко Савески, универзитетси професор.

Професорот Здравко Савески вели дека проектот на владата е еден од најконтроверзните од независноста на земјата.

„Дури можеби и тешко ќе се најде колку некој владин проект создал поделба на народот и на меѓуетничка база, но и меѓу самите Македонци. ВМРО-ДПМНЕ има официјална идеологија дека се бори за македонско национално единство, но таа барем прокламирана цел на Скопје 2014-та не е остварена, бидејќи
Плоштадот „Карпошово востание“, кој се наоѓа помеѓу Камениот мост и почетокот на Старата скопска чаршија. Во него има фонтани со спомениците на Олимпија, Филип, Алаксандар Македонски. Скопје 2014.
Плоштадот „Карпошово востание“, кој се наоѓа помеѓу Камениот мост и почетокот на Старата скопска чаршија. Во него има фонтани со спомениците на Олимпија, Филип, Алаксандар Македонски. Скопје 2014.
Скопје 2014 значително придонесе за делење на народот.“

Политичкиот аналичитичар Алајдин Демири вели дека Скопје 2014 е проект на раздор и на инаети, при што само ВМРО-ДПМНЕ знае што сака да постигне со неговата реализација.
Проектот има една цел, поделба на ВМРО-ДПМНЕ и на останатите. Ова ВМРО се појави на сцена како чувари на Македонија, а останатите треба да бидат послушници на тие Македонци и на ВМРО-ДПМНЕ и тука е основниот проблем.
Алајдин Демири, политички аналитичар.

„Нема да престанат тие препукувања затоа што и граѓаните и партиите и сите се поделени за тоа. Концептуално се внесува некаков кич, некаква кражба, некаков барок, што во суштина нема традиција во Македонија. И тоа е она основното што ги иритира и граѓаните и партиите.“

Според Савески арогантноста и немањето слух од страна на владата за мислењето на граѓаните кои не го поддржуваат проектот е најголемиот проблем.

„Во демократијата идејата е да го слушнете народот. Тие создадоа илузија дека има поддршка од дел на народот и пропагандно ги изолираа противниците како некои ненародни елемент, но во практика ако се направи независна анкета на јавното мислење ќе се покаже дека голем процент од населението има барем некоја забелешка.“

И Демири причината за поделбите е во тоа што проектот некако илегално помина во Собранието без јавна дебата.

„Проектот има една цел, поделба на ВМРО-ДПМНЕ и на останатите. Ова ВМРО се појави на сцена како чувари на Македонија, а останатите треба да бидат послушници на тие Македонци и на ВМРО-ДПМНЕ и тука е основниот проблем.“

Целосната ревизија на проектот, согласно најавите ќе биде презентирана за три месеци.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG