Достапни линкови

Москва - Навални користел странски донации


Алексеј Навални

Алексеј Навални

Јавното обвинителство на Русија соопшти дека откриле докази дека изборната кампања за градоначалник на Москва на познатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални е незаконски финансирана од странство.
Според канцеларијата на обвинителот, над 300 познати странски донатори, а, исто така, и анонимни донатори од 46 земји дале пари за кампањата на Навални преку рускиот Интернет платежен систем - Yandex.Dengi.
Наодите биле предадени на истражните органи и против Навални се очекува да биде отворена истрага за кривично дело.
Леонид Волков од штабот на Навални денеска изјави дека на сметката на кампањата не е добиена ниту една донација од странско физичко лице. Од платежниот интернет систем пак изјавија дека не биле контактирани од Канцеларијата на Главниот Обвинител на Русија.
XS
SM
MD
LG