Достапни линкови

Унковски ги вознемири духовите - ваши коментари


Неделното интервју со режисерот Слободан Унковски ги „вознемирило“ духовите на посетителите на нашата веб-страница. Коментари предизвикува и Хајд паркот со прашањето за коцка место плочка и за уште една фонтана на плоштад.

Зад добриот коњ се крева прашина, имаат една поговорка соседите ни Срби, а неделното интервју со режисерот Слободан Унковски очигледно ги „вознемирило“ духовите на посетителите на нашата веб-страница. И пак се покажува токму тоа за кое зборува Унковски, а имено дека: „Не може да се каже само - Ај, сега ќе се смириме, туку мора да ги расчистиме работите“.
Владата треба да направи за Унковски, Поповски, Синоличка и остала сорта „соба за кукање“.
Коментар на читател.

Андреја, на пример, смета дека Владата требало да направи за Унковски, Поповски, Синоличка и остала сорта - како што пишува, „соба за кукање“ и му забележува на режисерот дека немал ниту еден убав збор и пофалба за изградбата на стариот театар, Филхармонијата или за стадионот Филип Втори...
Премиерот Никола Груевски и државниот врв на отворањето на Стариот театар во Скопје.
Премиерот Никола Груевски и државниот врв на отворањето на Стариот театар во Скопје.

Горан со веќе познатиот стил навреди за нашиот новинар Стојанчов, мешајќи го, притоа, како што постојано ги нарекува „грк Бранко и сдс апологетите“.
Ѓорѓи го нарекува Унковски „нихилист“, и смета дека токму поради таквиот приод се става во редот на „предавниците“ и дека било така како што тврди, па затоа актуелната гарнитура победувала 4-5 пати на сите нивоа.
Народ ко стадо, опозиција млитава, ќе се јадеме меѓу себе, за занимација, додека возот одминува, како и парите на оф-шор сметки на некои острови. Кому треба дијалог во таква ситуација?“
Коментар на читател.

На веб-страницата на Радио Слободна Европа се развиваат и убави дебати, па Анонимен го потсетува дека и Милошевиќ победувал 10 години, а режимот што „вие, вмровците го критикувате“, вели, беше присутен 40 години. „Вие сте тие кои уништувате сè пред себе, ги доите луѓето со национализам, историја, популизам и конзерватизам - пишува Анонимен.

Љубе коментира дека тоа што е економска криза не значи дека треба да згасне критичката мисла, а Станко му порачува на Горан, кој ги реди успесите на оваа влада и неуспесите на Црвенковски, да не застапува тези како во партиско/владино соопштение.

И на вториот текст во врска со неделното интервју на нашето радио, уште коментари. Перо иронично го употребува староримскиот поздрав: „Аве, Цезар“ и коментира: „Народ ко стадо, опозиција млитава, ќе се јадеме меѓу себе, за занимација, додека возот одминува, како и парите на оф-шор сметки на некои острови. Кому треба дијалог во таква ситуација?“

За коцка место плочка и за уште една фонтана на плоштад прашуваме во Хајд паркот, анкетираните одговараат, а посетителите на веб-страницата коментираат: Милан порачува дека ни фали уште само Кинески ѕид за да се оградиме од светот како што сме тргнале, а Баркатола од Венеција само чека „кога ќе им текне улиците да ги направат канали со вода и со гондоли во нив, и тоа двоспратни“, додава. А Незабеган кратко напишал: „Да живее Коце Коцка, сега Коце Калдрма“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG