Достапни линкови

Израел одобри ослободување на 26 палестински затвореници


Израелскиот министерски комитет одобри ослободување на 26 палестински затвореници според договорот што треба да го отвори патот за израелско-палестинскиот мировен процес. Ова е првата група од вкупно 104 затвореници што Израел се согласи да ги ослободи минатиот месец. Втората рунда израелско-палестински разговори е закажана за в среда. Разговорите беа прекинати во 2010 година поради палестинското противење на проширувањето на еврејските доселенички населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим. Палестинските власти и вчера негодуваа на одлуката на Израел да изгради нови 1000 станови во доселеничките населби.
XS
SM
MD
LG