Достапни линкови

logo-print

Усеин Болт повторно светски шампион на 100 метри


Јамајканската атлетичарска супер ѕвезда Усеин Болт.

Јамајканската атлетичарска супер ѕвезда Усеин Болт.

Јамајканската атлетичарска супер ѕвезда Усеин Болт повторно ја освои титулата светски шампион на 100 метри. На Светското првенство во атлетика, на стадионот Лужники во Москва, 26-годишниот Болт ја истрча патеката за 9,77 секунди. Болт е светски рекордер на 100 метри. Рекордот од 9,58 секунди го постави во 2009 година на шампионатот во Берлин. На претходното Светско првенство, пред две години, во градот Даегу во Јужна Кореја, Болт ја изгуби титулата поради тоа што во финалето беше дисквалификуван поради преран старт. На вчерашната трка во Москва, Американецот Џастин Гатлин го освои сребрениот медал, а Неста Картер од Јамајка се закити со бронзата.
XS
SM
MD
LG