Достапни линкови

Норвешкиот премиер како таксист за изборни цели


Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг.

Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг.

Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг поминал некое време преправен како таксист, возејќи патници околу Осло за целите на својата кампања. Лабуристичката партија на Столтенберг вчера објави видео снимки на кои се гледа дека премиерот реализира повици како таксист и превезува патници. Столтенберг рече дека се одлучил на ваков чекор да открие што навистина мислат луѓето. „Луѓето навистина го кажуваат она што го мислат за повеќето нешта, во такси“, рече Столтенберг.
Парламентарните избори во Норвешка се закажани за 9 септември. Лабуристичката партија на Столтенберг на анкетите заостанува зад опозициските конзервативци.
XS
SM
MD
LG