Достапни линкови

logo-print

Киднапирана авганистанска пратеничка?


Сопругот на авганистанската пратеничка Фриба Ахмади Какар, ги негираше тврдењата дека неговата жена е киднапирана од страна на бунтовниците. Мохамад Давуд вели дека извештаите за киднапирањето на неговата сопруга додека патувала меѓу Кандахар и Кабул се „пропаганда“. Тој за Радио Слободен Авганистан рече дека неговата сопруга која е пратеничка во парламентот на Кандахар, во сабота заминала во официјална посета на Турција, на планирана посета од страна на Собранието. Но, шефот на локалното собрание во провинцијата Кандахар изјави дека пратеничката не е во Турција, туку за време на Рамазан останала во Кандахар. Тој вели дека таа, нејзините четири деца, нејзиниот возач и готвачот, биле киднапирани од напаѓачи додека патувале низ провинцијата Газни.
XS
SM
MD
LG