Достапни линкови

logo-print

Опозицискиот кандидат за претседател на Азербејџан останува во странство


Рустам Ибрагимбеков

Рустам Ибрагимбеков

Азербејџанецот Рустам Ибрагимбеков, познат сценарист и добитник на Оскар, изјави дека засега останува далеку од Азербејџан и покрај тоа што беше избран од страна на опозициската коалиција да биде претседателски кандидат кој треба да го предизвика претседателот Илхам Алијев на изборите во октомври.
Ибрагимбеков вели дека останува подалеку поради опасноста дека ќе биде уапсен во Баку и долгиот процес на откажување од своето двојно руско државјанство за да може да биде подобен кандидат. Тој рече дека членовите на опозискиот Национален совет на демократските сили, исто така, препорачале тој да остане во странство за сега.
XS
SM
MD
LG