Достапни линкови

САД повторно отвораат дел од дипломатските мисии на Блискиот Исток


Американската амбасада во Тел Авив.

Американската амбасада во Тел Авив.

САД повторно отвораат дел од дипломатските мисии на Блискиот Исток и во Африка, кои беа затворени минатата недела од безбедносни причини. Неколку американски амбасади, меѓу кои и мисиите во ОАЕ, Абу Даби, Либија и американскиот конзулат во Дубаи денеска повторно отворија, а се очекува останатите да отворат наредната недела. САД затвори 19 дипломатски мисии на Блискиот Исток и во Африка на 4 август, поради, како што соопштија американските власти, терористичка закана од Ал Каеда и нејзините филијали. Властите соопштија дека сите мисии ќе бидат отворени оваа недела, освен амбасадата во главниот град на Јемен, Сана.
XS
SM
MD
LG