Достапни линкови

logo-print

Огревното дрво со лански цени, но без попуст


Цената на огревното дрво и годинава ќе биде непроменета, најави генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџоски на денешната прес-конференција.

„Огревното дрво веќе петта години се продава по иста цена, 2.470 денари за просторен метар буково дрво и 2.570 денари за просторен метар дабово дрво во склад. Годинава нема да важи попустот од 10 до 20 отсто што го дававме лани“, рече Караџоски во одговор на новинарско прашање.

Тој истакна дека засега не се најавени ни поволности за социјалците, доколку Владата не препорача во наредниот период.
XS
SM
MD
LG