Достапни линкови

Израел продолжува со проширување на доселеничките населби


Доселеничка населба во близина на Ерусалим.

Доселеничка населба во близина на Ерусалим.

Израел соопшти дека ќе изгради повеќе од 1000 куќи за еврејските доселеници на Западниот Брег и во Источен Ерусалим. Оваа најава од израелска страна доаѓа само три дена пред втората рунда израелско-палестински мировни разговори што треба да се одржи во Ерусалим. Директните израелско-палестински разговори беа прекинати во 2010 година, токму поради проширувањето на доселеничките населби. Разговорите продолжија пред три недели во Вашингтон. Палестинците инсистираат да се запре со проширувањето на доселеничките еврејски населби. Повеќе од 500 илјади Израелци живеат во десетиците доселенички населби кои Израел ги формира по 1967 година, кога ги окупираше Западниот Брег и Источен Ерусалим.
XS
SM
MD
LG