Достапни линкови

Престрелки меѓу Индија и Пакистан во Кашмир


Индиски граничари во Кашмир.

Индиски граничари во Кашмир.

Пакистанските и индиските сили си разменија истрели во најновите случувања во Кашмир, со што дополнително се дестабилизираше 10-годишниот прекин на огнот во спорниот регион во кој живеат мнозинство муслимани. Еден индиски граничен полицаец е повреден кога пакистански војници отвориле оган југозападно од Џаму. Индиските гранични власти велат дека не ги испровоцирале истрелите. Пакистан во меѓувреме ги обвини индиските сили дека први почнале да пукаат кон нивните гранични пунктови меѓу Кашмир и соседен Пенџаб, предизвикувајќи подоцнежна наизменична размена на оган. Престрелките се најнови во серијата на прекуграничната борби меѓу двете соседни земји кои се нуклеарно вооружени. Територијата на Кашмир е поделена меѓу Индија и Пакистан со граница која е мониторирана од страна на ОН. Двете земји тврдат дека територијата во целост е нивна.
XS
SM
MD
LG