Достапни линкови

Претседателски избори во Мали


Во проблематичната западноафриканска држава Мали денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. Гласачите избираат меѓу поранешниот министер за финансии Соумаила Сисе и поранешниот премиер Ибрахим Боубакер Кеита, кој е фаворит за победник. Ова се први избори во земјата од почетокот на 2012 година, кога со бунт беше соборен долгогодишниот лидер Амаду Тоумани Туре. По сепаратистичките и исламистички насилства во северниот дел од земјата, Франција на почетокот на годинава испрати илјадници војници за да помогне во борбата против исламистичките бунтовници.
XS
SM
MD
LG