Достапни линкови

logo-print

Убиени петмина јеменски војници


Илустрација: Јемен.

Илустрација: Јемен.

Осомничени членови на Ал Каеда убиле пет јеменски војници во пристанишниот град Аден, соопштија јеменските воени сили. Нападот се случил рано утрово кога милитантите се инфилтрирале на контролен пункт пред терминалот за природен гас Балхав, при што го убиле чуварот и уште четворица војници додека спиеле. Нападот се случи неколку часа откако при напад на американски беспилотни летала загинаа двајца милитанти на Ал Каеда. САД и другите западни земји минатата недела затворија дел од своите дипломатски мисии на Блискиот Исток, вклучувајќи го и Јемен, по предупредувањата за можни терористички напади.
XS
SM
MD
LG