Достапни линкови

Американскиот претседател Барак Обама го започна првиот летен одмор од неговиот втор мандат. Тој замина на деветдневен одмор на островот Марта'с Вајнјард, во сојузната држава Масачусетс. Семејството на Обама ќе биде сместено во куќа со шест спални соби во градот Чолмарк. Секретарот за печат во Белата куќа, Џеј Карнеј рече дека Обама ќе ги добива редовните брифинзи за националната безбедност и за домашните прашања. Советникот за национална безбедност Сузан Рајс и Роб Наборс,заменик-шеф на персоналот, се само дел до помошниците од Белата куќа кои се во придружбата на Обама за време на одморoт. Обама ќе се врати во назад во Вашингтон на 18 август.
XS
SM
MD
LG