Достапни линкови

Нетенјаху успешно опериран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе биде отпуштен од болница по успешната операција на кила во текот на ноќта, соопштија израелските власти. Неговите соработници велат дека 63-годишниот израелски премиер е „целосно свесен“ и „се чувствува добро“, но сепак ќе треба да биде неколку денови на одмор за целосно да закрепне. Операцијата го одложи неделниот состанок на кабинетот. Од канцеларијата на Нетанјаху изјавија дека министерскиот состанок сепак ќе се одржи. Се очекува на седницата да биде одобрено ослободување на затвореници во пресрет на уште една рунда на мировни преговори со палестинските власти закажана за 14 август. Со министерскиот комитет денеска ќе преседава израелскиот министер за одбрана Моше Јалон.
XS
SM
MD
LG