Достапни линкови

logo-print

„Македонско девојче“ за старт на „Струмица опен фестивал 2013“


Северина гостинка на „Опен фестивал“.

Северина гостинка на „Опен фестивал“.

Над 600 играорци од 15 културно-уметнички друштва од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Бугарија, синоќа во Струмица заеднички го одиграа најголемото оро „Македонско девојче“, со што го означија почетокот на вториот по ред „Струмица опен фестивал 2013“.

Наредните денови се резервирани за повеќе културни настани, како што се поетски читања, вечер на Меѓународната струмичка ликовна колонија, Трка на келнери, ликовно цртање на плоштадот. Финалните вечери од „Опен фестивалот“ ќе бидат одбележани со настапот на Северина, Жељко Јоксимовиќ, Бора Чорба, Супер Хикс, Кирил Џајковски и други.
XS
SM
MD
LG