Достапни линкови

Туркменистан денеска го одбележува Денот на Бостанот


Туркменистан денеска го одбележува Денот на Бостанот. Од 1994 година наваму, втората недела од август е официјален празник на Бостанот, со кој се оддава важноста на оваа култура за Туркменистан и неговата историја. На повеќе саеми и пазари продавачите ги „мамат“ посетителите да ги видат лубениците и дињите од различни региони на Туркменистан. Денеска има и многу натпревари и награди поврзани со бостанот, како и концерти низ плоштадите и парковите низ целата земја. Бостанот од Туркемниста е опишуван од страна на многу писатели и патеписци. Локалните земјоделци велат дека 400 од 1.600 видови на бостан во светот имаат историски врски со Туркменистан.
XS
SM
MD
LG