Достапни линкови

Во Гвантанамо и по Рамазан штрајк со глад


Властите во воениот затвор Гвантанамо сопштија дека чекаат да видат дали ќе биде прекинат штрајкот со глад на притворениците, сега откако заврши Рамазан. Портпаролот на американската војска Сем Хаус соопшти дека 106 од 166 затвореници штрајкувале со глад пред Рамазан. Затворските службеници велат дека бројот на „штрајкувачи“ опаднал кога властите понудиле „Рамазанско помилување“ за затворениците. Од воениот затвор велат дека останува да се види колку затворениците ќе продолжат со штрајк со глад. Ако не го сторат тоа, ќе бидат насила хранети со цевки, соопштија американски официјални лица. Адвокатот Клајв Стафорд Смит, вели дека неговиот клинет Шакер Ајмер му рекол дека тие не го завршиле нивниот протест со глад, туку јаделе само симболични количини на храна секој ден по завршувањето на постот за време на Рамазан.
XS
SM
MD
LG