Достапни линкови

Бахреин депортираше американска наставничка


Бахреин депортираше американска наставничка во претшколската установа поради, како што наведуваат властите, неjзините „радикални“ постови на Твитер и на други сајтови.

Ерин Килбрајд од американската држава Мејн, беше исфрлена од кралството и денеска треба да пристигне во САД. Министерството за комуникации на Бахреин, соопшти дека наставничката ги прекршила условите на издадената виза со тоа што работела „илегално“ како неакредитиран новинар. Во нивното соопштение стои и дека таа користела Твитер и голем број на веб-сајтови да објавуваа статии на Бахреин во кои поттикнувала на омраза против владата и против членови на кралското семејство.
XS
SM
MD
LG