Достапни линкови

По вкусна пита во Долна река


Mанифестацијата „Избор на најдобрата мавровско–реканска пита“, која се одржува во рамките на „Реканското културно лето“ во општина Маврово-Ростуше.
Mанифестацијата „Избор на најдобрата мавровско–реканска пита“, која се одржува во рамките на „Реканското културно лето“ во општина Маврово-Ростуше.

Убавините на реканскиот крај и традиционалните јадење привлекуваат се повеќе туристи. Над дваесетина домаќинки од селата во овој регион заработуваат добро од подготвувањето на традиционалните јадења кои потоа се нудат на домашните и странските гости во локалните угостителски објекти во Долна Река.

Селскиот туризам во регионот на Долна Река во општина Маврово и Ростуше, кој особено започна поорганизирано да се развива во последните десетина години, ги дава и своите резултати. Убавите предели и традиционалните јадења и обичаи се основа за зголемување на бројот на туристите во овој убав предел на Република Македонија. Локалните институции и невладиниот сектор даваат силна поддршка на приватната иницијатива, така што покрај зимскиот, сега и селскиот туризам носи материјални ефекти на населението.
Сега е моментот како да ги искористиме нашите ресурси подобро. Убавините и храната се тука, а интересот за нив е голем кај туристите. Имаме природни и човечки ресурси, а гостите веќе доаѓаат.
Тефик Тефиковски, туристички работник и бизнисмен.

„Сега е моментот како да ги искористиме нашите ресурси подобро. Убавините и храната се тука, а интересот за нив е голем кај туристите. Имаме природни и човечки ресурси, а гостите веќе доаѓаат“, вели познатиот туристички работник и бизнисмен, како и основач на здружението за локален развој во Долна река Тефик Тефиковски.
Пита со маслинки.
Пита со маслинки.

Селото Јанче според него е добар пример како може да се искористат убавините и добрата традиционална храна.

„Селото Јанче сега е веќе познато не само на национално туку и меѓународно ниво. Јанче е село кое го нуди реалниот аспект на селскиот туризам. Сите потребни ресурси за развој на овој вид туризам се тука, но сето тоа треба да се искористи во иднина уште подобро. Овде има лековити билки, зачини кои се користат во
Готвењата ги научивме од постарите. Јас многу научив од мојата свекрва кога дојдов овде невеста. Ме научи како се меси традиционалната пченкарна пита која е позната во нашиот регион. Исто така добро правам лаландики и други јадења. Со оваа наша активност како домаќинки добро заработуваме и помагаме материјално на нашите семејства.
Мевлуде Вехапи, домаќинка која подготвува традиционална храна за туристите.
традиционалната храна, а еве ефекти дава и промоцијата на традиционалните јадења со манифестацијата „Питијада“. Но сепак треба да продолжиме и да сториме нешто плус. Сите села имаат карактеристики, а тоа е можност повеќе за развој на овој туризам.“

Над дваесетина вредни домаќинки од селата во овој регион по течението на реката Радика заработуваат добро од подготвувањето на традиционалните јадења кои потоа се нудат на домашните и странските гости во локалните угостителски објекти во Долна Река.

Мевлуде Вехапи е една од домаќинките која подготвува традиционална храна и вели дека од заработувачката дава придонес и за материјалното зајакнување на своето семејство.

„Готвењата ги научивме од постарите. Јас многу научив од мојата свекрва кога дојдов овде невеста. Ме научи како се меси традиционалната пченкарна пита која е позната во нашиот регион. Исто така добро правам лаландики и други јадења. Со оваа наша активност како домаќинки добро заработуваме и помагаме материјално на нашите семејства.“

РСЕ : Има ли и други жени домаќинки, кои подготвуваат традиционални јадења за угостителите во овој регион?

„Да, да. Има и многу други, кои исто така подготвуваат по барање на угостителите храна која е позната во регионот. И тие се задоволни.“

Во Реканските села се поголем е бројот на домаќинките кои се заинтересирани да подготвуваат традиционални јадења за потребите на локалните угостители. Тие ја подготвуват бараната храна во своите домови, а потоа ја носат во угостителските објекти. Треба да се нагласи, исто така, дека и самите угостители истакнуваат оти побарувачката на туристите расте. Тие што доаѓаат во овој регион кога е во прашање традиционалната храна, бараат традициионални јадења што секако дава и материјални ефекти.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG