Достапни линкови

Крушево ноќе без вода


Крушево.
Крушево.

Крушевчани се жалат дека после 9 часот навечер немаат вода, а кога ќе дојде е матна. Во јавното комунално претпријатие „Комуна“ велат дека рестрикциите се неопходни, бидејќи има загуби на вода во системот од преку 60 отсто. А од Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека водата во Крушево е здравствено исправна и безбедна за пиење.

Крушевчанецот Крсто Здравкоски забележува дека во градот во текот на летото жителите се соочуваат со недостиг од вода. Овој проблем, како што вели, е изразен во ноќните часови, кога многу семејства планираат да ја користат евтината тарифа на електричната енергија.
Немаме доволно вода, кај 9 часот ја прекинуваат, кога ќе ја пуштат права тиња, таа чиста болест е, ние купуваме вода за пиење, со дете мало си, не можеш да му дадеш од таа вода, а водата не е нај, нај.
Елена Рикалеска од Крушево.

Но тие се спречени во намерите, ниту мал, ниту голем бојлер не можат да вклучат, ниту да перат или да се бањаат, па сите домашни работи, активности за одржување на личната и хигиената во домот, тие мора да ги завршуваат на скапа струја. Овие дополнителни давачки го обременуваат и така нискиот стандард на Крушево, град каде владее стопанско сивило речиси 2 децении, а последнава е премногу изразено.
Елена Рикалеска, жителка на Крушево.
Елена Рикалеска, жителка на Крушево.

„Повеќе време на вечер ја запираат водата и за овој народ овде, што нема примања и тоа е битно, зашто навечер е евтината струја, а навечер не можеш на пуштуш, бидејќи нема вода, ова во континуитет е вака“, изјави Здравкоски.
Градот поради големите загуби на вода, се потруди да се санираат тие проблеми, со тоа што се прави проект за намалување на тие загуби и доведуваме нови извори на вода од Бушава Планина по природен пат.
Даница Кондоска, раководител на градска мрежа од Ј.П. Комуна од Крушево.

Поради недостигот од вода и стравувања за квалитетот на водата, која понекогаш тече матна од славините, Елена Рикалеска, која своето 4 члено семејство го издржува од својата скромна пензија, постојано купува вода.

„Немаме доволно вода, кај 9 часот ја прекинуваат, кога ќе ја пуштат права тиња, таа чиста болест е, ние купуваме вода за пиење, со дете мало си, не можеш да му дадеш од таа вода, а водата не е нај,нај“, реагира Рикалеска.

Крушевчани бараат да се реши трајно проблемот. Но, меѓу нив има граѓани, кои не го чувствуваат.
Даница Кондоска, раководител на градска мрежа од Ј.П. Комуна од Крушево.
Даница Кондоска, раководител на градска мрежа од Ј.П. Комуна од Крушево.

„Граѓаните многу ретко ги чувствуваат рестрикциите, зашто некаде од кај 10 часот, ноќе ја запираат и до сабајле до 5 часот, а преку цел ден има, не е да чувствуваат толку многу, зашто има вода“.

„Не знам навечер ја запираа водата и кога ќе дојдеше беше матна, биолошки не сум информирана дали е во ред, кога ќе видиш дека е матна, стравуваш“, сметаат некои крушевчани.

Во јавното комунално претпријатие „Комуна“ велат дека од потребните 23 литри во секунда, недостигаат минимални количества вода. Рестрикциите се неопходни, бидејќи има загуби на вода во системот од преку 60 отсто, секундарната мрежа е стара повеќе од 5 децении, па тешко се откриваат дефектите. При последните врнежи се случил и дефект во цевководот кај резервоарите, па површинските води се измешале со водата во резервоарите. Тоа велат било причина за заматување на водата за пиење.

„Градот поради големите загуби на вода, се потруди да се санираат тие проблеми, со тоа што се прави проект за намалување на тие загуби и доведуваме нови извори на вода од Бушава Планина по природен пат, нормално, за да биде поевтина водата за граѓаните. Користиме вода од сопствени извори, истовремено користиме нови извори од Бушава Планина. Да се надеваме дека водоснабдувањето ќе се стабилизира“, изјави Даница Кондоска, раководител на градска мрежа од Ј.П. Комуна од Крушево.

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека водата во Крушево е здравствено исправна и безбедна за пиење.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG