Достапни линкови

logo-print

Молчеливи граѓани, глаголиви политичари и богати владици


Земјава тоне во својата шокантна пасивност пред бруталноста на власта, анализира Глобус, Република се занимава со говорите на политичарите за време на празниците, а Фокус пресметнува колкава плата заработуваат владиците.

„Епизода Бристолското паркче: Зошто не се буниме?“, прашува во еден од текстовите најновиот он-лајн магазин Глобус. Па прави анализа на однесувањето на жителите во повеќе балкански, европски и прекуокеански градови, во Истанбул,Софија, Сараево, Сао Паоло, Рим... додека земјава тоне во својата шокантна пасивност пред бруталноста на власта.
Нема елементарни шанси, веќе осма година по ред, економските и социјални прилики да се подобрат, ама власта убедливо ги добива сите избори по 2006 година.

Глобус - Македонија е разочарувачка сторија

Македонија е разочарувачка сторија, просто необјаснива на ниеден досега применет рационален начин. Нема елементарни шанси, веќе осма година по ред, економските и социјални прилики да се подобрат, ама власта убедливо ги добива сите избори по 2006 година. Странските аналитичари Одбележување на Илинден во Крушево.

Одбележување на Илинден во Крушево.

велат дека народот е отрпнат по 30 години криза, дека се адаптирал на мизеријата низ разни форми на борба за гол опстанок. Проблем е и отсутноста на левата страна од спектарот која ја разбира стварноста и може да донесе вистинска стратегија, објаснуваат тие преку Глобус.
Во Македонија нема традиција според која на одреден датум политичките лидери ќе ги испраќаат стратегиските пораки што се однесуваат на најважните прашања за земјата и за граѓаните.

Република - Говорите јасни, одговорите бледи

Република се занимава со говорите на политичарите за време на празниците, па во насловот забележува: „Нема кој да одговори на пораките - Говорите јасни, одговорите бледи“. Неделникот смета дека во Македонија нема традиција според која на одреден датум политичките лидери ќе ги испраќаат стратегиските пораки што се однесуваат на најважните прашања за земјата и за Според информации до кои дошол Фокус, поглаварот Стефан земал месечна плата од околу 5 000 евра, додека другите владици земале околу 2 000 евра.

Според информации до кои дошол Фокус, поглаварот Стефан земал месечна плата од околу 5 000 евра, додека другите владици земале околу 2 000 евра.

граѓаните. Во секоја пригода каде што говорат претседателот, премиерот и претседателот на Собранието или лидерот на опозицијата можат да се слушнат важни пораки, но граѓаните понекогаш остануваат збунети поради тоа што се премногу за да се пренесат сите, а неретко начинот како се пренесени до широката публика е нејасен. Така беше и овој Илинден, смета Република.

Фокус - Синодот живее на висока нога

Фокус обработува интересна тема за платите на македонските владици. „Синодот живее на висока нога“, забележува неделникот и вели дека е видливо дека нашите владици живеат во луксузни и раскошни резиденции, возат скапи теренски возила и автомобили. Но колкави се нивните плати? - прашува неделникот, потсетувајќи дека на оваа тема воопшто не се расположени да комуницираат со верниците. Сепак, според информации до кои дошол Фокус, поглаварот Стефан земал месечна плата од околу 5 000 евра, додека другите владици земале околу 2 000 евра. Зарем е грев кон Бога јавно да соопштат колкави им се платите и пензиите? - јавно прашува неделникот.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG