Достапни линкови

Турција ги повлекувa воените инженери од Либан


Турција одлучи да го повлече воено-инженерскиот контингент од составот на меѓународната мировна мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ).
Турски дипломатски извор истакна дека „во претстојниот период инженерската единица составена од околу 250 припадници нема да биде активно вклучена во УНИФИЛ.

Портпаролот на УНИФИЛ потврди дека 58 турски војници ќе го напуштат јужен Либан во првата недела од септември, а учеството на Турција во меѓународните военопоморски сили ќе продолжи.

Турција во УНИФИЛ учествува од 2006 година. За одлуката на Анкара се дознало неколку часови по киднапирањето на двајцата турски пилоти од страна на досега непозната група „Гости на имамот Али Риза“. Групата бара размена на турските пилоти со деветтемина либански аџии, кои подолго од една година се во заложништво на вооружените екстремисти во близина на сириско-турската граница.
XS
SM
MD
LG