Достапни линкови

Најмалку 20 луѓе загинале во воздушен напад во Сирија


Најмалку 20 луѓе загинале во воздушен напад од страна на сириската војска во провинцијата Латакија во северозападниот дел на Сирија, соопшти сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад контролира голем дел од јужна и централна Сирија, додека бунтовниците ги држат северните области во близина на турската граница и по долината на Еуфрат. Обединетите нации соопштија дека повеќе од 100 илјади луѓе се убиени во 28-месечниот конфликт во земјата, а 1,7 милиони Сиријци избегале. Во петокот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите во Вашингтон изјави дека тој и американскиот државен секретар Џон Кери се согласиле за потребата да се започне со мировна конференција во Женева за Сирија, што е можно поскоро.
XS
SM
MD
LG