Достапни линкови

Јанкулоска - Безбедноста состојба во земјата е стабилна


Управата за безбедност и контраразузнавање и безбедносните служби на Република Македонија се во извонредна кондиција и одлично ја извршуваат својата работа, ги следат сите состојби и појави во земјата, регионот и пошироко, изјави денеска министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Во овој момент можам само да повторам, односно да потврдам дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна, а службите надлежни за државната безбедност ја работат својата работа“, изјави Јанкулоска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Охридската капетанија.

Според неа, МВР постапува внимателно, води сметка за безбедноста на територијата на целата држава и во оваа насока, за евентуалните ризици и предизвици, благовремено ги инфирмира граѓаните.

Што се однесува пак до безбедноста на сообраќајот на Охридското Езеро, Јанкулоска, заедно со министертот Мили Јанакиески констатираат дека е намален е бројот на инциденти од безбедносен карактер во Охридското Езеро и евидентно се подобрени состојбите.
XS
SM
MD
LG