Достапни линкови

logo-print

Местото каде е погубен Чаушеску ќе биде отворено за јавноста


Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена.

Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена.

Воената база каде романскиот комунистички диктатор Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена беа егзекутирани во 1989 година е обновена и ќе биде отворена за јавноста во септември, објавија романските медиуми. Тие објавија дека властите одлучиле да се отвори базата во Тарговиште во јужна Романија, по интересот од странски туристи да го видат местото каде што диктаторот починал. Директорот на Музејот во Тарговиште изјави дека повторно ќе ги обноват двете соби во кои било одржано судењето и собата во која брачниот пар Чаушеску ја поминал нивната последна ноќ. Чаушеску и неговата сопруга избегаа од Букурешт со хеликоптер на 22 декември 1989 година, откако разлутена толпа упадна во седиштето на Комунистичката партија. Потоа беа фатени од страна на армијата, а по кратката судска постапка беа егзекутирани на 25 декември 1989 година.
XS
SM
MD
LG