Достапни линкови

Милитанти цел на израелски воздушни напади


Египетски војници на границата меѓу Египет и Појасот Газа.

Египетски војници на границата меѓу Египет и Појасот Газа.

Група поврзана со Ал Каеда, која е активна на Синајскиот Полуостров соопшти дека нејзини членови биле цел на напади од страна на израелски беспилотни летала на египетска територија. Во изјавата објавена на веб страната на милитантната група се наведува дека при нападот на беспилотно летало кое преминало на египетски воздушен простор загинале четворица борци кои се подготвувале за прекугранични ракетни напади во Израел. Египетски официјални лица вчера брифираа дека во напади од израелската страна од границата биле убиле пет осомничени милитанти. Официјални лица изјавија дека израелскиот напад бил лансиран во соработка со египетските власти, но подоцна портпаролот на египетските воени власти го негираше извештајот, но не кажа која е причината за експлозијата. Израел молчи за нападите.
XS
SM
MD
LG