Достапни линкови

logo-print

Пресечен ланец на трговија на кинески емигранти


Шпанската полиција соопшти дека уништила ланец на трговија со луѓе преку кој се шверцувале кинески емигранти во Европа и во САД. Полицијата во соопштението наведува дека денеска се уапсени 75 лица во Шпанија и Франција, меѓу кои и главните оперативци на бандата во Европа. Полицијата, исто така, запленила десетици лажни пасоши од земји од цела Азија. Во соопштението се наведува дека Кинезите на бандата и плаќале по повеќе од 40.000 евра за да ги прошверцуваат во земји вклучувајќи ја и Велика Британија, Ирска и Турција.
XS
SM
MD
LG