Достапни линкови

Грција - половина од фирмите избегнуваат да плаќаат данок


Речиси секоја втора фирма во Грција на извесен начин се обидува да ги измами даночните инспектори, се вели во анализа на грчките власти по обидите да соберат што е можно повеќе даноци во шестата година од рецесијата.

Податоците на грчкото Министерство за финансии покажуваат дека 731 од 1.465 фирми главно ресторани, барови, кафулиња и ноќни клубови, проверувани од 25 јули до 5 август ги прекршиле даночните закони. Властите поради тоа побараа затворање на 12 фирми за еден месец, а од исти причини планираат да затворат уште 14.

Министерот за финансии Јанис Стурнарас изјави дека Владата е приморана да донесе специјален закон за да се вршат даночни инспекции и во викенди.
XS
SM
MD
LG