Достапни линкови

Првата индиска нуклеарна подморница наскоро оперативна


Илустрација.

Илустрација.

Првата домашна индиска нуклеарна подморница е подготвена за испитување на отворени води, што е чекор пред таа да биде целосно оперативна, изјави индискиот премиер Манмохан Синг. Подморницата ИНС Арихант (Уништувач на непријатели) е тешка 6.000 тони. Синг рече дека развојот е огромен чекор во напредокот на домашните технолошки способности. Индиски официјални претставници за одбрана велат дека Подморницата се напојува со 85-мегават нуклеарен реактор и може да достигне 24 јазли. На Подморницата ќе има 95-член екипаж. Во април минатата година Индија пушти во употреба руска нуклеарна подморница, приклучувајќи им се на Кина, Франција, САД, Велика Британија и Русија во клубот на земји со бродови на нуклеарен погон.
XS
SM
MD
LG