Достапни линкови

Самарас и Бан Ки-мун разговарале за светски прашања


Грчкиот премиер Андонис Самарас по средбата со со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ,вчера попладнето во Њујорк, рече дека на средбата се се разговарало за светски прашања, како и за познатите прашања од интерес за Грција.
Самарас, кој е во посета на САД, во текот на вчерашниот ден, продолжи со средбите чија цел е да го подобри угледот на Грција во светот, и да привлече инвестиции од грчката заедница во САД. На средба со истакнати Грци од дијаспората во клубот Метрополитен, Самарас ги замолил да инвестираат во родната земја, велејќи дека грчките граѓани веќе немаат пари со кои би ги платиле даноците. Самарас се сретна и со градоначалникот во заминување, милијардерот Мајкл Блумберг, а го посети и меморијалниот центар на местото каде што стоеа Кулите Близначки уништени во терористичките напади на 11 септември 2001 година, при што беше урната и грчката православна црква Свети Никола.
Самарас се сретнал и до Дејвид Харис, претседател на Американскиот еврејски комитет. Од Комитетот, за МИА, изјавиле дека една од темите на разговор со Самарас ќе биде алармантниот пораст на нео-нацистичките движења во Грција.
XS
SM
MD
LG