Достапни линкови

Тајван - Радиоактивни води 3,5 години протекувале од нуклеарна централа


Три и пол години протекувале радиоактивни отпадни води од нуклеарната централа на северниот брег на Тајван, се наведува во извештајот на нуклеарното надзорно тело на тајванската влада. Во извештајот се вели дека од базените во кои се складирало потрошеното нуклеарно гориво протекувале радиоактивни води уште од декември 2009 година. Надзорното тело вели дека операторот на нуклеарната централа не успеал да ги открие причините за протекувањето, па водите продолжиле да истекуваат. Извештајот доаѓа во време кога во земјата се дебатира за иднината на нуклеарната енергија таму. Законодавците идниот месец треба да гласаат предлог референдум кој треба да им овозможи на гласачите да одлучат за судбината на четвртата тајванска нуклеарна централа, која треба да започне со работа во 2016 година. По несреќата во Фукушима во Јапонија пред две години, тајванските гласачите гледаат претпазливо во однос на нуклеарната енергија.
XS
SM
MD
LG