Достапни линкови

logo-print

Полициски час по смртоносните протести во Кашмир


Индиски војници со предупредувачки истрели го спроведуваат полицискиoт час во Кашмир каде во судири меѓу муслиманите и хиндусите загинаа најмалку две лица. Насилството изби во петокот во Киштвар, град на околу 200 километри североисточно од главниот град на провинцијата Сринагар, по молитвите за одбележување на муслиманскиот празник Рамазан. Ривалските муслимански и Хинду групи се судрија, затоа што хиндусите се противат на тоа што муслиманите извикувале слодани за независност.

Полициските власти тврдат дека еден муслиман бил изгорена до смрт и еден припадник на хинду групата бил убиен во вчерашните судири, а 24 лица биле повредени. Антииндиското расположение во Камир кадешто мнозинството се муслимани често се манифестира преку протести против припадниците на паравоените и полициските сили. Неколку бунтовнички групи се борат против индиската власт од 1989 година. Повеќе од 68 илјади луѓе, претежно цивили, се убиени во судирите.
XS
SM
MD
LG