Достапни линкови

Шпанија и Британија се расправаат за Гибралтар


Премиерот на Шпанија Мариано Рахој рече дека неговата земја ќе ги превземе сите потребни мерки за одбрана на шпанските интереси во Гибралтар. Премиерот ја даде изјавата во тензични услови, поради спорот со Обединетото кралство за британската територија во југот на Шпанија. Британија го обвини официјален Мадрид за намерно организирање на претреси на возила и дополнителни гранични контроли со цел да го прикрие планот за изградба на вештачки остров во морето. Шпанија, пак, возвраќа дека подолгите контроли, кои создаваат колони од возила, се потребни бидејки Гибралтар не е дел од шенген зоната.
XS
SM
MD
LG