Достапни линкови

Влогови за успешна докапитализација на грчките банки


Успехот на рекапитализацијата на грчките банки ќе зависи од враќањето на влоговите во банките во износ од околу 20 милијарди евра, кои граѓаните ги изнеле во странство или ги кријат дома, изјави денеска министерот за финансии на Грција Јанис Стурнарас во интервју за локална телевизија. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, четири водечки грчки банки: Пиреус банк, Алфа банк, Националната банка и Јуробанк, во јуни со кредити од ЕУ и ММФ ја завршија својата рекапитализација вредна 27,5 милијарди евра. Тоа треба да им овозможи да ја обноват својата платежна способност по отпишувањето на грчките државни обврзници, кои се наоѓаа во нивните активи. Сегашната цел на банките е повторно да добијат пристап до меѓдународните пазари за зголемување на кредитирањето на економијата, што веќе шеста година е во рецесија.
XS
SM
MD
LG