Достапни линкови

Рохани ќе се сретне со Путин во септември


Хасан Рохани

Новоизбраниот претседател на Иран Хасан Рохани ќе ја има првата средба со неговиот руски колега Владимир Путин во Бишкек на 13 септември. Двајцата лидери се согласиле на средба на маргините на самитот на Шангајската група за соработка, изјави на прес конференција Јури Ушаков, помошникот на рускиот претседател. Иран е земја - набљудувач во организацијата во која членуваат Кина, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан.
XS
SM
MD
LG