Достапни линкови

Барање за ослободување на затвореници во Азербејџан


Меѓународната организација „Амнести Интернешнл“ побара веднаш и безусловно да се ослободат азербејџанските опозициски политичари, новинари и активисти за човекови права. Според организацијата, станува збор за апсење на неистомисленици пред претседателските избори во Азербејџан . Амнести соопшти дека најмалку 14 лица биле уапсени пред изборите кои се закажани на 9 октомври. Актуелниот претседател Илхам Алијев се кандидира за петти мандат. Опозицијата го обвинува шефот на државата за концентрирање на капиталот на земјата околу своето семејство.
XS
SM
MD
LG