Достапни линкови

logo-print

Да си ги почитуваме разликите


Мустафа Јакупов, извршен директор на Регионалната ромска образовна младинска асоцијација од Кратово.

Мустафа Јакупов, извршен директор на Регионалната ромска образовна младинска асоцијација од Кратово.

Кога станува збор за Ромите и „нашата инклузија“ во „големото општество“, сите ние понекогаш можеме да го почувствуваме она „за да бидете дел од нас и сакани, треба да ве претвориме во нешто друго, треба да бидете исти како нас“, пишува Мустафа Јакупов, извршен директор на Регионалната ромска образовна младинска асоцијација од Кратово, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Последнава недела беше навистина интересна за мене, бев на комеморацијата на Ромскиот геноцид во Полска, каде што запознав прекрасни луѓе со кои имав прекрасни разговори. Низ низата на разговори со учесниците од над 18 држави, наидовме на темата за почитта, хармонијата помеѓу луѓето, стремежот кон еднаквоста, нашите разлики како луѓе, какво влијание има општеството над луѓето кога станува збор за „инклузија“ и дали така наречената инклузија значи доминација над „едните“ од страна на „другите“?
Кога станува збор за Ромите и „нашата инклузија“ во „големото општество“, сите ние понекогаш можеме да го почувствуваме она „за да бидете дел од нас и сакани, треба да ве претвориме во нешто друго, треба да бидете исти како нас“. Но, токму тоа е моментот кога „инклузивноста“ и почитта што треба да ја имаме едни кон други води кон доминација над другите. И тогаш се јавува еден „блесав“ момент, кога некој треба да биде „асимилиран и модифициран“ по одреден општествен терк за да имаме блискост како луѓе.

Кога станува збор за Ромите и „нашата инклузија“ во „големото општество“, сите ние понекогаш можеме да го почувствуваме она „за да бидете дел од нас и сакани, треба да ве претвориме во нешто друго, треба да бидете исти како нас“. Но, токму тоа е моментот кога „инклузивноста“ и почитта што треба да ја имаме едни кон други води кон доминација над другите. И тогаш се јавува еден „блесав“ момент, кога некој треба да биде „асимилиран и модифициран“ по одреден општествен терк за да имаме блискост како луѓе.

Токму, тогаш ја губиме почитта едни кон други, односно кога мислиме дека можеме да бидеме богови и обликуваме некој според наш терк. Токму тоа се случи за време на втората светска војна, односно тогашната нацистичка пропаганда и идеологија на многу ужасен начин се стремеше да ги направи сите „исти“, што резултираше со милионски загуби на човечки животи и непочитување на различноста кај другите. Нацистичка Германија веруваше во лага!

И ние се лажеме себе си, ако при очи се правиме слепи и не ги гледаме боите, културата и разликите на другите. Се лажеме и кога велиме дека сите ние сме исти! Не би требало да посакуваме да бидеме како другите, ниту пак да посакаме другите да бидат како нас. Едноставно, треба да си ги почитуваме разликите!

Во потрагата по мир и единство како луѓе, не можеме да се ограничуваме и посакуваме сите да бидеме исти. Тоа што ни треба е хармонија на нашите бои и култури. Хармонија на разликите! Токму тоа е клучот за напредок, да ги почитуваме, учиме и да научиме од нашите разлики како луѓе. Бидејќи, не треба да го сфатиме животот како патување, кое што води кон тоа да станеме како другите. Животот ни дава да гледаме и сфатиме дека нашите разлики се тие што ја прават човековата раса толку убава!
Но, за жал сведоци сме на тоа дека некои лекции од животот и историјата сè уште не сме ги научиле. Скоро 700 години дискриминација над Ромите и истото сè уште продолжува. Говорот на омраза и предрасудите спрема Ромите сè уште се распространети и длабоко врежани во умовите на луѓето.

Но, за жал сведоци сме на тоа дека некои лекции од животот и историјата сè уште не сме ги научиле. Скоро 700 години дискриминација над Ромите и истото сè уште продолжува. Говорот на омраза и предрасудите спрема Ромите сè уште се распространети и длабоко врежани во умовите на луѓето. Доколку, не ми верувате, отворите некое видео на јутјуб или портал каде што има вест поврзана со Ромите, 80 отсто од коментарите се со говор на омраза. Зошто е тоа така? Та, нели научивме од историјата дека токму таквите предрасуди и говори го водеа човештвото кон ужасите на холокаустот!?

Во целата ситуација, најмногу боли кога некој ќе рече „бар не ве напаѓаат и убиваат како порано“. Ало, луѓе 21-ви век сме, а дозволивме некој народ сè уште да се бори за правото на живот, срамота! Понекогаш си мислам дека луѓето ја губат или кријат својата човечност кога станува збор за нас Ромите, нашата шарена култура која ја носиме со себе и кога бараме како такви да бидеме прифатени. Можеби културно шаренило ги плаши!? Или не?

Како и да е, треба да бидеме свесни дека говорот на омраза, дали виртуелен или не, претставува опасност за демократијата и намалување на прифаќање на разликите на другите кои што живеат со нас во општеството. Да не бидеме соучесници на таквото „злосторство“. Како што има речено Зони Вајс, синти кој го има преживеано Аушвиц - „Во 1943 година Хитлер стана лидер и на луѓето им се допаѓаше. Мора да го признаеме овој момент. Луѓето не гледаа подалеку од носот, не се грижеа за другиот. Не мижете, зашто тогаш сте соучесници. Мора да им се помогне на луѓето кои се во неволја“.

Но, пред да му помогнеме на кого било, треба да научиме да го почитуваме, а за да го почитуваме другиот, треба да се почитуваме себе си и нашата различност, дури тогаш ќе можеме да го разбереме, уживаме и восхитуваме на остатокот од човештвото!
XS
SM
MD
LG