Достапни линкови

logo-print

Москва: хеликоптерите за Пентагон се со поволни цени


Шефот на руската државна компанија за извоз на оружје ги демантира обвинувањата дека официјална Москва ги надувала цените на хеликоптерите за Соединетите американски држави кои се користат во Авганистан. Шефот на руската компанија „Рособоронекспорт“ Анатолиј Исаикин рече дека Пентагон ги купува леталата по многу поволни цени. Во средата дванаесетмина американски сенатори испратија писмо со кое се апелира до Пентагон да ја откаже нарачката на 30 нови хеликоптери во вкупна вредност од 572 милиони американски долари. Сенаторите сметаат дека русија испраќа оружје за крвавиот режим на сиријскиот претседател Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG