Достапни линкови

Самарас ќе се сретне со Бан Ки Мун


Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со кого ќе разговара за Кипар и името на Македонија, две прашања во кои Светската организација има улога на медијатор. „Катимерини“, денеска пишува дека медијаторот Метју Нимиц пред неколку месеци го предложил името „Северна Република Македонија“, нешто што официјална Атина не го прифаќа, затоа што географската одредница се однесува на државното уредување, а не на името на земјата. Самарас со Бан ќе разговара и за состојбата во поширокиот регион на Балканот.
XS
SM
MD
LG