Достапни линкови

logo-print

Иран предупредува на можна граѓанска војна во Египет


Иранскиот врховен верски лидер ајатолах Али Хамнеи, 09.08.2013.

Иранскиот врховен верски лидер ајатолах Али Хамнеи, 09.08.2013.

Иранскиот врховен верски лидер ајатолах Али Хамнеи предупреди на опасност од избувнување граѓанска војна во Египет. „Загрижени сме поради она што се случува во Египет. Таму со секој ден се зголемува опасноста од војна, што е катастрофално“, изјави Хамнеи во говорот емитуван денеска на иранската телевизија, а по повод муслиманскиот празник Бајрам. Тој им советува на египетските власти да не им дозволат на странските земји да им се мешаат во внатрешните работи. Иран и Египет ги прекинаа дипломатските односи пред 30 години поради потпишувањето на египетско израелскиот мировен договор.
XS
SM
MD
LG